Ѓоковиќ со пораз ја започна новата сезона! (ВИДЕО)

twitter/ATP Tour

Српскиот тенисер е поразен во полуфиналето на егзибицискиот турнир во Абу Даби од Стефанос Циципас после голема борба во три сета – 6:3, 6:7 (4) и 4:6.

Во борбата за третото место Новак Ѓоковиќ ќе игра со поразениот од дуелот меѓу Надал и Хачанов, а победникот со грчкиот претставник Циципас.

Циципас одлично го отвори одлучувачкиот трет сет, му одзема сервис на Ѓоковиќ. Србинот во шестиот гем се закани со водство од 30:0, но неговиот ривал со одлични сервис ја задржа предноста на „брејк“ (4:2).

Сличен развој се гледаше и во следниот сервис гем во кој Гркот поведе со 5:3 и дојде на чекор од завршната битка.

Гркот го реши третиот сет во своја корист и му го нанесе првиот пораз на Ѓоковиќ во новата сезона.

Финалето е на програма в сабота од 16.00 часот, а турнирот се игра за награден фонд од 250.000 илјади американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот