Ѓоковиќ со пцовки кон своите тренери: Кажи нешто пи*ка му материна

twitter/ATP Tour

Новак Ѓоковиќ вчера загуби од Диминик Тим во неверојатен меч во кој се одиграа три сета (7:6,3:6,6:7). Со поразот, српскиот тенисер направи чекор назад во битката за првото место на АТП ранг листата, посебно откако денеска Надал со неверојатен пресврт успеа да го победи Данил Медведев.

Вчерашниот дуел со Тим освен по неверојатната игра на двајцата тенисери, го привлече вниманието на балканските медиуми и јавност и поради реакцијата на Ѓоковиќ.

Имено, во третиот сет при водство на Тим од 2:0 во гемови, Ѓоковиќ имаше испад откако освои еден поен. По одличниот сервис на Ѓоковиќ, Тим ја испрати топката во аут, по што следеше излив на емоции од страна на Србинот:

„Кажи нешто пи*ка му материна“ викаше Ѓоковиќ кон сопствената ложа во која се наоѓаа двајцата тренери, Маријан Вајда и Горан Иванишевиќ.
Не е јасно кон кого беа упатени овие зборови, но и двајцата тренери многу добро разбраа што кажа Ѓоковиќ.
Видеото со реакцијата на Ѓоковиќ можете да го погледнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот