Ѓоковиќ со нови 400 бодови пред „Ролан Гарос“ и прво место на крајот од 2020!

Фото: EPA-EFE/Clive Brunskill/POOL

Новак Ѓоковиќ и натаму е непобедлив, првиот играч на светот го освои Мастерсот во Рим по петти пат во кариерата и шампионски е подготвен за настапот на „Ролан Гарос“ кој ќе започне наредната недела.

Светскиот рекет број 1 го подигна трофејот во Италија, ја зголеми предноста во однос на второпласираниот Рафаел Надал на АТП листата, а потоа во соблекувалната славеше со својата екипа.

Неговиот тренер Мариан Вајда го стави пехарот на глава, специјално за победничка фотографија.

View this post on Instagram

??❤️? ???

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole) on

– Условите беа тешки, особено на почетокот. Малку врнеше, имаше малку ветер и врева, ми требаше време да се навикнам. Генерално, не го покажав најдобриот тенис цела недела. Но, ја пронајдов својата игра кога ми требаше во решавачките моменти. Тоа ме прави многу среќен. Среќен сум што освоив уште една голема титула – рече Ѓоковиќ после финалниот дуел.

Српскиот тенисер стигна до својот 36 трофеј во Мастерс серијата, со што стана најдобар во историјата на тенисот во оваа категорија.

Вкупно 81 титула во кариерата, а воедно и нови 400 бодови, моментно има 11.260 (од наредниот понеделник), а ова значи дека сега неговата предност во однос на Надал е точно 1410 бодови.

Поради тоа додатно растат шансите да ја заврши 2020 година на првото место, и би се доближил уште повеќе до рекордот на Федерер по бројот на поминати недели на врвот.

Доколку без прекин го има тенискиот трон до 8 март 2021 година, и тој рекорд ќе биде надминат и Ѓоковиќ ќе стигне до фантастична бројка од 311.

Загарантирано му е првото место на АТП до 9 ноември, кога ќе има 293 недели на таа позиција. Во тој момент ќе му недостасуваат уште 18 за да го престигне Швајцарецот.

За српскиот ас следува Ролан Гарос кој Надал, „кралот на земјата“ го освои во последните три години.

Ѓоковиќ ќе се обиде да ја запре таа доминација на Рафа, ќе се обиде да освои повеќе поени за својот ранкинг. Тој минатата година стигна до полуфиналето и со тоа освои 720 поени во Париз.

Со пласман во финалето, тој би освоил уште 480, а со освојувањето на вториот Ролан Гарос во кариерата, дури 1280! Со освојувањето на парискиот слем турнир, Ѓоковиќ би станал првиот тенисер во историјата кој победил на секој грен слем барем двапати!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот