Ѓоковиќ со нова донација во борбата против коронавирусот

фото: твитер

Најдобриот тенисер на светот уплати денеска пет милиони динари на Општата болница во Нови Пазар како помош во борбата против коронавирус.

Новак Ѓоковиќ, кој после „Адриа тур“, доби позитивен тест на Ковид-19, одлучи да му помогне на градот кој се наоѓа во тешка состојба.

Српскиот ас лично контактирал со управата на болницата и понудил дека „Фондацијата Ѓоковиќ“ веднаш ќе купи сè што е потребно за лекување на заразените.

Ѓоковиќ денеска уплати пет милиони за набавка на заштитна опрема, лекови и медицински апарати, а договорот е да плати колку што е потребно следната недела – рече директорот на Здравствениот дом во Нови Пазар, Ервин Чоровиќ за „Танјуг“.

На почетокот на пандемијата, Ноле уплати еден милион евра помош на Србија за набавка на медицинска опрема, а тој исто така донираше значителни средства и во Италија, една од најпогодените земји од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот