Ѓоковиќ со најмногу грен слемови – поради подлогата и годините!

Поранешниот најдобар тенисер на светот, Хуан Карлос Фереро, вели дека Ѓоковиќ, Надал и Федерер ќе освојуваат титули и во наредните години.

Моментно Рожер Федерер има најмногу Грен слем титули со 20, Рафаел Надал е на 19, а после триумфот во Мелбурн, Новак Ѓоковиќ е на 17.

– Мислам дека Надал и Ѓоковиќ имаат можност да го престигнат Федерер. Сепак, поради неговите години и поради подлогата на кои се одржуваат Грен слем турнирите, мислам дека Новак ќе заврши со најмногу – рече Фереро, освојувачот на „Ролан Гарос“ во 2003 година, и додаде:

– Верувам дека младите играчи ќе бидат сè подобри и дека ќе бидат во состојба да играат на ниво како „Големата тројка“, но ќе има добри вести за Федерер, Надал и Ѓоковиќ уште неколку години.

На прашањето кој од младите играчи прв би можел да освои Грен слем трофеј, Шпанецот одговори:

– Тешко е да се каже, во 2019 година Тим и Циципас победуваа играчи од „Големата тројка“ на слемовите, така што тие се најблиску. Нивото на играта на Доминик во Мелбурн беше неверојатно, беше многу блиску. Покрај Новак, тој е единствениот кој може да го совлада Надал на „Ролан Гарос“.

Во текот на својата кариера Фереро освои 16 титули, а од турнирите заработи скоро 14 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот