Ѓоковиќ со милионската донација спаси стотици животи во Бергамо

Директорот на здравствениот центар во Бергамо, Петер Асембергс изјави дека српскиот тенисер со донацијата од милион евра овозможи да се опремат две болници.

Неговата донација ни помогна да спасуваме животи. Го зголемивме капацитетот на собите, бидејќи досега луѓето лежеа и умираа во чекалниците. Ги купуваме сите неопходни апарати, како и заштитна опрема за медицинските лица – изјави Асембергс кој исто така додаде дека донацијата на Новак Ѓоковиќ покрена лавина реакции и донации за најпогодениот град во Италија од коронавирусот.

По неговата донации почнаа да ни пристигнуваат и други донации од сите страни. За помалку од 48 часа откако објавивме за износто кој Новак Ѓоковиќ го уплати за нашите болници, добивме уште 10 милиони евра донации. Меѓу донаторите се и пејачот Роби Факинети, трофејната пливачка Федерика Пелегрини…

Асембергс уште еднаш им потврди на медиумите дека Ѓоковиќ прво побарал да не се знае дека тој ги донирал парите, но подоцнал се согласил да се објави неговото име бидејќи тоа би помогнало да се поттикнат и други познати личности да донираат средства за борбата против коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот