Ѓоковиќ: Скокав од радост по победата на Звезда (ВИДЕО)

фото:Printscreen/Youtube/Sport Klub

Новак Ѓоковиќ се врати на тениските терени по пауза од еден месец, а по победата над Сем Квери, српскиот тенисер зборуваше и за неговиот омилен фудбалски тим, Црвена звезда. „Црвено-белите“ ќе играат во плејофот за пласман во Лигата на шампионите откако во лудата пенал серија го елиминира Копенхаген.

– Можеби за мојот меч бев и малку нервозен, зашто на три минути пред да излезам на теренот, јас скокав како луд од радост поради Ц. Звезда. Се загревав и го следев мечот со Горан Иванишевиќ и целата екипа од бивша Југославија. Ова е неверојатен успех. Честитки за сите во Ц. Звезда. Јас во живот немам видено вакво нешто. Секоја чест! Секоја чест за Борјан, кој одбрани толку пенали – изјави Ѓоковиќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот