Ѓоковиќ: Шарапова имаше кариера со која може да се гордее! (ВИДЕО)

фото: твитер

Најдобриот светски тенисер веднаш после вториот триумф на турнирот во Дубаи, имаше само пофалби за Русинката која ја заврши кариерата…

Водачот на АТП ранг-листата, Новак Ѓоковиќ ги прокоментира денешните вести за откажување од тенисот на Марија Шарапова.

32-годишната Русинка попладнево објави дека ја прекинува спортската кариера. Најдобриот српски тенисер после вториот триумф на турнирот во Дубаи истакна дека Шарапова беше посветен на тенисот како никој друг:

– Нејзината волја, нејзината способност да ги надмине сите тешкотии што стоеја на нејзиниот пат во изминатите пет до шест години, вклучувајќи повреди и операции, желба да се врати на теренот и да игра на највисоко ниво, беа воодушевувачки. Жално е што поради повредите мораше да стави крај на играњето тенис, но Шарапова имаше неверојатна кариера со која може да се гордее – рече Ѓоковиќ.

Поранешната број 1 на светската ВТА листа завршува со тенисот со 36 титули во сингл, вклучувајќи пет Гренд слем, олимписки сребрен медал од Лондон 2012 и еден трофеј од Фед Купот со Русија во 2008 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот