ЃОКОВИЌ СЕРИОЗЕН: Поради рекордите да го пропуштам најважното во животот!?

Global Look Press/ZUMA Press/Screenshot social media

Повредата на рамото го спречи годинава да го освои трофејот на УС Опен, американските медиуми дури шпекулираат негова можна операција и на тој начин му е загрозено првото место на АТП ранг листата.

Далеку од тоа дека Новак помислува на пензија, но и заминувањето од тенисот и без надминати рекорди нема да го сфати како трагично.

– Дали рекордите се поважни од времето кое го поминувам со семејството? Дали се поважни од моето здравје или некои други работи? Не се! Целосно сум отворен и искрен, за многу нешта зборувам со сопругата, со родителите, браќата, луѓето кои ми се блиски, бидејќи сакам да сфатам како тие гледаат на сето тоа – вели Ѓоковиќ во интервјуто за „СНБС“.

Новак истакна дека неговите деца се најважни во светот.

– Татко сум на два ангели, времето кое го поминувам со нив ми е навистина драгоцено. Не сакам да поминувам низ живот и да сфатам дека не сум бил тука за нив, да пропуштам некои најважни нешта во нивното растење – додаде српскиот тенисер.

На прашање дали може да го замисли животот без тенис, Ѓоковиќ одговори:

– И да и не. Можам да замислам затоа што не се плашам од живот без тенис. И други нешта ме прават среќен, но исто така сум рекол не, затоа што и нема да има живот без тенис. И кога не би играл, ќе бидам и натаму активен во спортот. Сакам да имам своја академија, да ги пренесам сите мои искуства на новите генерации кои растат во Србија – заврши Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот