Ѓоковиќ се врaќа во Шпанија, го чекаат важни одлуки

Најдобриот светски тенисер го напушти Белград и ќе се врати во Шпанија каде што ќе ги продолжи подготовките.

Новак Ѓоковиќ беше во Србија каде што исто така тренираше, претходно беше и во Хрватска и Босна и Херцеговина, а сега повторно во Марбеља со своето семејство.

Ќе продолжи да тренира во градот во кој живее и работи неговиот брат Марко, а воедно ќе мора да донесе и некои важни одлуки. А тоа е дали Ноле ќе учествува на грен слем турнирот „УС Опен“ (31 август) и останатите турнири од американската турнеја.

Постои опција и да остане во Шпанија и до 13 септември кога почнува Мастерсот во Мадрид, а добра информација за него и останатите натпреварувачи кои ќе доаѓаат на тој турнир од некоја друга земја, не мора да бидат во карантин од две недели.

Само потсетување дека Ѓоковиќ ќе продолжи каде што застана, со учинок од 18 победи и нула порази досега во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот