Ѓоковиќ се враќа на тронот, Шпанците го отпишаа Надал

twitter.com/TennisWorlden

Новак Ѓоковиќ е на добар пат да се врати на првото место на АТП ранг листата бидејќи шпанските медиуми објавија дека Надал нема да настапи на завршниот Мастерс турнир во Лондон. Надал кој од вчера е прв тенисер на АТП ранг листата го предаде дуелот од полуфиналето на Денис Шаповалов во Париз поради повреда на стомачните мускули, а шпанските медиуми се сомневаат дел тој ќе се опорави до 10 ноември кога стартува завршниот Мастерс турнир во Лондон. Од друга страна, Надал изјави дека сè уште размислува и конечната одлука се очекува да ја донесе денеска.

Првите тестови кои беа направени во неделата не дадоа јасна слика за повредата на Надал, по поради тоа вчера направи магнетна резонанца и резултатите се проследени на докторот на Шпанецот Анхел Руис Котор кој ќе го даде конечниот збор дали ќе може да игра тенисерот или не.
Медиумите открија дека станува збор за иста повреда поради која Надал и минатата година не играше на завршниот Мастерс турнир.

– Да не се повлеков од мечот со Шаповалов, немаше да биде добро за мене. Оваа повреда не ми е непозната и затоа докторите ми препорачаа пауза. Не смеам да си дозволам да правам погрешни потези. Целта ми е да настапам во Лондон, но конечниот збор ќе го дадат докторите – изјави Надал.

Доколку Надал се одлучи да не настапи на турнирот во Лондон, тогаш најверојатно ќе го загуби првото место и Новак Ѓоковиќ ќе ја заврши годината како најдобар тенисер. Прва резерва на Мастерсот во Лондон е сонародникот на Надал, Роберто Баутиста Агут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот