Ѓоковиќ се приближува до рекордот на Федерер!
Нов понеделник, нова недела која Новак Ѓоковиќ ќе ја помине на првото место на АТП ранг листата.
Трае одбројувањето ро рекордот, српскиот ас денеска ја започна 297 недела на светскиот трон и му недостасуваат уште 13 такви седмици за да го достигне рекордот кој го држи Рожер Федерер (310).
Тениската сезона е завршена и нема да има поместувања на ранг листата до јануари. Големото прашање е што ќе се игра од турнирите во Австралија, а АТП-купот на кој Србија и Ѓоковиќ требаше да ја бранат титулата, веќе е откажан.
Постои можност и да не се организира грен слем турнирот „Австралија опен“, бидејќи властите не дозволуваат тенисери да влезат во земјата пред 1 јануари, и сигурно ќе мора да одат во двонеделен карантин.
Дури и доколку не освои бод до тогаш, Ноле сигурно ќе остане на првото место до 1 февруари, што значи дека ќе достигне 305 недели на тронот. Поради коронавирусот АТП-листата беше „замрзната“, па 22-те недели колку што Србинот беше на прво место не се вбројуваат.
АТП ранг листа (мажи)
1. Новак Ѓоковиќ (Србија) 12,030 поени
2. Рафаел Надал (Шпанија) 9,850
3. Доминик Тим (Австрија) 9,125
—
ВТА ранг листа (жени)
1. Ешли Барти (Австралија) 8,717 поени
2. Симона Халеп (Романија) 7,255
3. Наоми Осака (Јапонија) 5,780
—