Ѓоковиќ се потсети на тешките моменти: 10 марки, тоа е сè што имаме!

фото: твитер

– Еден моќен момент кој многу влијаеше на мојот живот, развој, сите наши животи – се потсети Новак на една од тешките приказни од детството.

– Овие 10 германски марки (сега евра). Се сеќавам добро на тие 10 марки“. Со таа реченица Ѓоковиќ го започна интервјуто за „Њујорк Тајмс“.

Не се сеќава на точната година кога тоа се случило, но добро го памти секој детал од тој момент.

– Еден моќен момент кој многу влијаеше на мојот живот, развој, сите наши животи – се потсети Новак на една од тешките приказни од детството.

– 10 германски марки беа како 10 долари и мојот татко рече дека тоа е сè што имаме. И дека повеќе од било кога треба да се држиме заедно и го надминеме ова – вели Ѓоковиќ.

Успеа храбро да ги надмине тешките времиња, Ноле покажа дека во него поседува екстремно голем тениски талент и тоа досега му донесе 16 грен слем титули во кариерата.

Сега на 32-годишна возраст се наоѓа на многу место, заработувајќи повеќе од 100 милиони долари, од турнири и спонзори.

Од кога стана татко приоритетите не се исти, иако не крие дека посакува уште титули, но семејството му е на прво место.

– Сите зборуваат за трофеи, рекорди, навистина се чувствувам благословено што сум во позиција за тоа да се зборува. Благодарен сум поради кариерата што ја имам, но за мене тенисот сега е повеќе платформа отколку опсесија за индивидуални достигнувања – додаде Ѓоковиќ.

Претходно беше најавена полуфиналната пресметка на „Австралија опен“, 50. јубилејна меѓусебна помеѓу Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

После елиминацијата на Рафаел Надал, Србинот би можел да се врати на првото место на АТП ранг листата доколку го освои трофејот во Мелбурн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот