Ѓоковиќ се јави со новости за повредата

Новаќ Ѓоковиќ одлучи да ги прекине шпекулациите поврзани со неговата повреда на рамото која ја здоби на УС Опен.

Во последните неколку денови, се појавија информации дека тој ќе мора да оди на нова операција на рамото која ќе го одвои од тениските терени до крајот на годината, но првиот тенисер на АТП ранг листата објави дека се наоѓа во процес на рехабилитација.

„Ви благодарам на сите за големата поддршка и интересирање за состојбата со моето рамо. Се наоѓам во процес на рехабилитација и се надевам дека ќе бидам подготвен за настап веќе на турнирот во Токио“, напиша Ѓоковиќ на својот Твитер профил.

Стартот на турнирот во Токио е закажан за 30 септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот