Ѓоковиќ се израмни со Сампрас, го напаѓа рекордот на Федерер

фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Новак Ѓоковиќ, денеска ја започна 286. недела како прв на АТП ранг листата.

Со ова Ѓоковиќ се израмни со легендарниот американски тенисер Пит Сампрас кој исто така 286. недели беше на чело на АТП ранг листата и сега пред него се наоѓа само Рожер Федерер кој 310. недели ја предводеше листата на најдобри тенисери.

На новата АТП ранг листа, Новак Ѓоковиќ остана на 10.860 бодови и има 1.010 бодови повеќе од второпласираниот Рафаел Надал.

Главниот судија ја објасни дисквалификацијата на Ѓоковиќ

Ѓоковиќ нема по добро да го памети последниот настап на УС Опен бидејќи беше дисквалификуван поради удирање линиски судија со топче, но неделава го очекува настап на Мастерсот во Рим кој треба да претставува генерална подготовка пред ролан Гарос.

Доминик Тим со триумфот на УС Опен остана на третото место на АТП ранг листата но му се приближи на Надал и сега има 9.125 бодови, околу 700 помалку Шпанецот, а 1.700 помалку од Ѓоковиќ.

Историски пресврт на Тим за триумф на УС Опен

На четвртото место остана Рожер Федерер, а по него во топ 10 се наоѓаат уште и Данил Медведец, Стефанос Циципас, Александер Зверев, Матео Беретини, Гаел Монфилс, Роберто Баутоста Агут.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот