Ѓоковиќ се изнамачи со 97. тенисер на светот но обезбеди полуфинале во Рим

epa08680989 Novak Djokovic of Serbia in action during his men's singles quarter-finals round match against Dominik Koepfer of Geermany at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 19 September 2020. EPA-EFE/Angelo Carconi / POOL

Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Рим откако во четвртфиналето го совладаДоминик Кепфер со 6:3,4:6,6:3 за два часа и десет минути игра.

Пласманот во 68. полуфинале на Мастерс турнирите во кариерата за Новак Ѓоковиќ беше обезбеден многу потешко од очекувањата.

Првиот носител на турнирот во Рим имаше фуриозен старт, поведе во 4:0 во првиот сет по што дојде до мало опуштање и му дозволи на Кепфер да направи брејк. Сепак, Ѓоковиќ со уште еден брејк го завери освојувањето на првиот сет со 6:3.
Во вториот сет исто така тргна фуриозно, веднаш го одзеде сервисот на противникот и кога се очекуваше рутински да ја заврши работата, почна да греши и да не ги користи своите брејк топки.

Во првите два сета, Ѓоковиќ искористи само четири од вкупно 22 брејк топки. За разлика од него, Кепфер посебно во вториот сет знаеше тоа да го искористи, прво израмни на 3:3 во гемови, а потоа во десеттиот гем повторно направи брејк и приреди изненадување со овојување на вториот сет.

Првиот тенисер на АТП ранг листата, не дозволи сензација во Рим и одлучувачкиот сет го доби со 6:3 и си закажа полуфинална пресметка со Каспер Руд кој со 4:6,6:3,7:6 го елиминира Италијанецот Матео Беретини.
Кај дамите, прва полуфиналистка е Симона Халеп која по триумфот во првиот сет со 6:2 и водство од 2:0, нејзината противничка Јулија Путинцева го предаде мечот поради повреда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот