Ѓоковиќ: Сакам триумфи и во Рим и во Париз – Слободен печат
ОстанатoСпорт

Ѓоковиќ: Сакам триумфи и во Рим и во Париз

Новаќ Ѓоковиќ по триумфот на Мастерсот во Мадрид, изјави дека самодовербата му е највисоко ниво во пресрет на последните два турнири на земја.

Новак Ѓоковиќ со триумфот во Мадрид го прекина четиримесечниот пост, откако во јануари на Австралија Опен го крена шампионскиот пехар.

Ѓоковиќ одигра фантастично во Мадрид, на сите мечеви не загуби сет, а во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас, кој претходно приреди сензација со елиминацијата на Рафаел Надал.
Победата, според самиот Ѓоковиќ, значи зголемена самодоверба пред најважниот турнир на земјени терени, Ролан Гарос.

– Според мене, најважната победа во Мадрид ја остварив во полуфиналето против Доминик Тим. Тоа беше крајно неизвесен дуел кој беше одлучен во два тај брејка. Најважно ми е што успеав да освојам титула во овој дел од сезоната и со тоа самодовербата пред турнирот во Рим и нормално на Ролан Гарос, каде сакам да го играм својот најдобар тенис – вели Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер, доколку триумфира на Ролан Гарос,  по втор пат во кариерата ќе биде актуелен шампион на сите четири Гран слем турнири, Австралија Опен, Ролан Гарос, Вимблдон и УС Опен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close