Ѓоковиќ: Сакам да бидам историски број 1

Певиот тенисер на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, во разговор со српските медиуми зборуваше за своите амбиции, за новата асоцијација на тенисери, за дисквалификацијата на УС Опен.

Ѓоковиќ по убедливиот пораз од Рафаел Надал во финалето на Ролан Гарос, тениската сезона на продолжува со настап на турнирот во Виена, каде ќе игра за прв пат по пауза од 13 години.

Пред заминувањето за Виена, Ѓоковиќ во Белград имаше средба со медиумите на која зборуваше за разни теми, е меѓу нив беше и настапот на двата грен слем турнири, УС Опен и Ронал Гарос.

Постои разочараност кај мене што не триумфирав на барем еден од овие два грен слем турнири бидејќи мислам дека играв добро на нив. Во Париз, имав многу подобар противник, а јас не бев на своето ниво. Но, и финалето и големо постигнување. На УС Опен се случи несреќна ситуација за мене, но затоа победив на останатите турнири на кои играв, Синсинати и Рим. Доколку не ја сметаме дисквалификацијата на УС Опен, годинава имам пораз само од Надал и го играм најдобриот тенис во кариерата. Иако сезоната е полна со прекини, но мислам дека може да се спореди со тие од 2011 и 2015 година. Целите ми се јасни, ќе се обидам да ја задржам предноста на АТП ранг листата и да направам дополнителна предност за првите три месеци од новата година бидејќи тоа ќе ми овозможи да остварам една од двете најголеми цели – изјави Ѓоковиќ.

Прочитајте и...  Меси тагува по смртта на Марадона: Диего е вечен, не остави, но не си заминува

Ѓоковиќ исто така зборуваше и за новоформираната асоцијација на тениски професионалци и причините зашто Рафаел Надал и Рожер Федерер одбија да му се придружат.

– Додека трае паузата помеѓу турнирите, јас и Васек Поспишил работиме на структурата, целите на асоцијацијата. Имаше многу отпор и обиди да се сосече од корен таа наша организација. Посебно во САД имавме многу удари. Ова е нова идеја туку стара повеќе од 20 години. Горан Иванишевиќ сега ми е тренер, а уште кога беше играч имаа желба да формираат ваква оранизација, но не успеваа поради многу фактори. Тенисот е глобален спорт, го дели третото или четвртото место со крикетот по популарност, но кога станува збор за искористување на потенцијалот на бизнис, економски или маркетиншки план, тогаш е надвор од топ 10 спортови. Причината за тоа е бидејќи веќе неколку децении постои монопол кога станува збор за водечките луѓе на клучните позиции бидејќи тие не сакаат ништо да се менува. Ние сме организација која е основана да ги застапува правата на тенисерите и тенисерките од почетното па се до највисокото ниво. Што се однесува до тенисерите кои не сакаат да се приклучат на нашата асоцијација, ние живееме во демократско општество каде секој има право на свое мислење. Нормално дека сакам Надал и Федерер да бидат заедно со нас, но и без нив ќе се трудиме да создадеме темели кои ќе им служат на играчите во иднина.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Марадона го постигна најконтроверзниот гол во историјата на фудбалот „Божјата рака“

Тој зборуваше и за притисокот кој го има на своите плеќи поради неговата цел да биде најтрофеен грен слем шампион на сите времиња.
Притисокот е составен дел од мојот живот, ние професионалните спортисти мора да прифатиме дека ќе бидеме под голем притисок. Јас не чуствувам дека тоа ме оптоварува како што беше случај на почетокот од кариерата. Можеби на некого ќе му смета тоа што имам највисоки амбиции, но тоа е мојата личност и мојата цел е да историски да бидам на првото место на АТП ранг листа. Тоа е мојот приоритет засега. Знам да го пронајдам балансот иако ми се случува и физички и психички да со изморам. Исто тука е желбата да бидам тенисер со највеќе освоени грен слем турнири.

Прочитајте и...  Роналдо се прости од Марадона: Никој нема да ја пополни празината која ја остави Диего

Поврзани вести

Последната фотографија на Марадона: Ја преживеа операцијата на главата но го издаде срцето

Слободен печат

Вардар без шанси против Киелце

Слободен печат

ВИДЕО: Неапол тагува за својот херој и идол: Муралот на Диего „гори“ во тишина

Слободен печат

Не сум комунист, туку Фиделист: Марадона почина на ист ден како и на политичарот на кој му се воодушевуваше

Слободен печат

Стадионот на Наполи ќе се преименува во Диего Марадона?

Слободен печат

ВИДЕО: Шест минути емоции, Марадона во една песна го опиша својот живот

Слободен печат

Остави Коментар