Ѓоковиќ расположен пред Дубаи, Иванишевиќ подготвува „одмазда“! (ВИДЕО)

принтскрин/youtube

– Не знам за вас момци, но ова се вика мобинг. Што мислите? Дали Ноле заслужува добра одмазда? – се прашува тренерот на Ѓоковиќ.

Српскиот тениски ас се подготвува за настапот во Дубаи каде што ќе настапи само во поединечна конкуренција.

Ќе биде прв носител, во Дубаи ќе игра за првпат од 2016. година. Ждрепката за турнирот е на програмата в сабота.

Ѓоковиќ не преставува да се забавува. На летот за Дубаи најдобриот тенисер на светот го искористи моментот да се пошегува со својот тренер и воедно хрватската тениска легенда, Горан Иванишевиќ.

Ѓоковиќ секако со најдобра намера, со цел да крене позитивна атмосфера во авионот, а еве што напиша Иванишевиќ на својот Инстаграм профил:

– Не знам за вас момци, ова јас го викам ова мобинг. Што мислите вие? Дали Ноле заслужува добра одмазда? Сите совети се повеќе од добредојдени. Пуштете го стариот човек да спие – напиша Иванишевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот