Ѓоковиќ: Рафа покажа зашто е „крал на земјените терени“

epa08736022 Novak Djokovic of Serbia holds his runner-up trophy after losing against Rafael Nadal of Spain in their men?s final match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 11 October 2020. EPA-EFE/YOAN VALAT

Новак Ѓоковиќ по поразот во финалето на Ролан Гарос, истакна дека не е задоволен како одигра, но воедно му оддаде признание на Надал за 13. титула во Париз.

Надал во 13. грем слем триумф во Париз дојде откако во големото финале го совлада Ѓоковиќ со 6:0,6:2,7:5.

– Му честитам на Рафа и на неговиот тим и семејство. Тоа што го правиш на овој терен е неверојатно. И не само тука туку и во кариерата. Ти си голем шампион. Покажа дека си „крал на земјените терени“ и тоа го почувствував на своја кожа. Ова беше тежок меч за мене, не сум задоволен како играв, но бев надигран од подобар тенисер – рече Ѓоковиќ на церемонијата на доделувањето на пехарите.

Ова беше четврти пораз за српскиот тенисер во финалето на Ролан Гарос, и во сите четири случаи губеше токму од Надал.
–  Ова неколку добри недели во овие тешки моменти за сите во светот. Ние добивме можност да играме тенис, спорт кој го сакаме и благодарност за сите кои го организираа овој турнир – додаде Новак Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот