Ѓоковиќ прв финалист на Мастерсот во Париз

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Новак Ѓоковиќ ја оствари деветтата победа во десетте дуели со Димитров откако за еден час и 40 минути го совлада Димитров со 7:5,6:4. Противник во финалето на првиот тенисер на АТП ранг листата ќе му биде подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Рафаел Надал и Денис Шаповалов.

Првиот сет помина во израмнета игра на двајцата тенисери кои немаа ниту една шанса за брејк, а сетот му припадна на Ѓоковиќ кој помалку грешеше. Во тајбрекот, Димитров имаше предност од 5:3 но Ѓоковиќ одговори со четири поени во низа што значеше и освојување на првиот сет.

Слична беше играта и во вториот сет, со тоа што во петтиот гем, Ѓоковиќ успеа да направи брејк и предноста ја задржа до крајот на сетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот