Ѓоковиќ против Циципас за титулата во Дубаи! (ВИДЕО)

twitter/#AusOpen

Најдобриот српски тенисер со пресврт (2:1) успеа во полуфиналната пресметка да го елиминира францускиот тенисер…

Најдобриот тенисер на светот после драматична борба успеа да го совлада Французинот Гаел Монфис со резултат 2:1 по сетови 2:6, 7:6 (8) 6:1 и се пласираше во финалето на турнирот во Дубаи.

В сабота Новак Ѓоковиќ со почеток од 16.00 часот ќе игра за титулата во Дубаи против грчкиот претставник Стефанос Циципас кој со 6:2 и 6:3 го елиминираше Британецот Даниел Еванс.

Првиот тенисер на светот не го стартуваше најдобро дуелот, па Монфис поведе во сетови, а потоа имаше и голема шанса да го реши натпреварот во вториот сет, но Ѓоковиќ успеа да направи пресврт.

Во одлучувачкиот дел од средбата српскиот тенисер лесно стекна два брејка за 4:1, а Монфис беше очигледно исцрпен и неподготвен да му парира на најдобриот играч на светот.

Ноле успеа да дојде до 17. победа во меѓусебните дуели кој го води до финалето на турнирот во Дубаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот