Ѓоковиќ пред финалето: Не знам дали ќе навиваат за мене!

twitter/ATP Tour

Србинот за Доминик Тим вели дека е голем работник и неговата игра со многу удари потсетува на првиот светски рекет, Рафаел Надал.

В недела од 09.30 часот по македонско време во Мелбурн најдобриот српски тенисер ќе го игра своето осмо финале на „Австралија опен“, беше подобар во претходните седум завршни битки, а сега ривал му е Доминик Тим.

Денеска во големото финале во женска конкуренција, Кенин беше подобра од Мугуруза со резултат 2:1 по сетови.

Австриецот Тим ги доби последните три меча против Новак Ѓоковиќ, но Србинот води во меѓусебните дуели со 6:4.

– Тим е еден од најголемите работници. Напредува во секој аспект на играта, и како поминува времето, секогаш се труди да биде најдобар. Особено на терени кои што се малку побрзи, кои помалку му одговараат. Сака да има време, со многу сила и ротација на удари, нешто слично како Надал – рече Ѓоковиќ.

Доби прашање од новинарите дали очекува поголема поддршка за него или Тим во финалето, тој одговори во свој стил.

– Не знам, ќе видиме. Не можам да предвидам дали публиката ќе навива за мене или не. Знам дека ќе ги имам нашите Срби и ќе ме поддржуваат. Сега независно дали поголемиот дел ќе биде за мене или не, знам што треба да направам во финалето – додаде Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот