Ѓоковиќ: После тој пораз сакав да го напуштам тенисот! (ВИДЕО)

фото: твитер

Пред точно 10 години српскиот тенисер имаше болен пораз од Мелцер кој воедно и значеше пресвртница во неговата богата кариера…

Еден од најтешките моменти во кариерата Новак Ѓоковиќ беше испаѓањето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во 2010 година.

Тогаш во четвртфиналето моментно најдобриот светски тенисер испушти два сета предност против Јирген Мелцер.

Загубив во 2010 година на „Ролан Гарос“ од Мелцер и плачев после испаѓањето. Тие беа лоши моменти и сакав да го напуштам тенисот, бидејќи сè ми се виде црно – рече Ѓоковиќ кој тогаш имаше 22 години.

Но, веќе следната година Србинот стана најдобар тенисер на светот.

Тоа беше моја трансформација. После тој пораз конечно се ослободив. Кога го освоив „Австралија опен“ во 2008 година, беше трет играч на светот, но не бев среќен, бидејќи имав порази од Федерер и Надал во важните мечеви. Поразот од Мелцер беше пресвртница, го надминав притисокот и започнав да играм поагресивно – додаде Ноле во интервјуто за „Скај Спортс Италија“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот