Ѓоковиќ после „Австралија опен“ се враќа на терените во Монте Карло

epa08988012 Novak Djokovic of Serbia in action against Alexander Zverev of Germany during the ATP Cup tennis tournament at Melbourne Park in Melbourne, Australia, 05 February 2021. EPA-EFE/DEAN LEWINS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Главниот залет за сезоната на земја започнува во Кнежевството, првиот турнир од серијата 1000 е во Монте Карло од 12 до 18 април 2021 година.

Најдобриот играч во светот Новак Ѓоковиќ ќе стартува од второто коло од натпреварувањето, а противник ќе му биде победникот од мечот помеѓу Алберт Рамос-Винолас и Јанис Синер.

Со жрепка беше решено дека во понатамошниот тек на турнирот, српскиот ас би можел да се сретне со Хурберт Хуркач или Душан Лајовиќ, потоа со Стефанос Циципас, Саша Зверев, а доколку нема изненадувања и потенцијален финален судир со Рафаел Надал.

За Ѓоковиќ и Надал ова ќе биде прв турнир по „Австралија опен“ кој го освои српскиот тенисер. Но, за првата битка годинава меѓу Ноле и Рафа кој Мастерсот го освојуваше 11 пати во Кнежевството, ќе се зборува кога и доколку за тоа дојде време.

Секако тука и други адути од кои се очекува да доминираат во наредните години, а помеѓу нив би требало да биде вториот светски рекет Данил Медведев кој е во „костурскиот“ дел со Надал, а според сегашната листа Русинот е нешто помалку од 2000 поени зад Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот