Ѓоковиќ по 50. пат се игра во осминафиналето на грен слем турнир

twitter/ATP Tour

Бранителот на трофејот во три сета го елиминира Јапонецот, Јошихито Нишиока.

Новак Ѓоковиќ успешно ја помина и третата пречка во одбраната на титулата во Австралија Опен, победувајќи го Јапонецот Нишиока со 6:3,6:2,6:2 . Со триумфот над Нишиока, Ѓоковиќ по 50. пат обезбеди пласман во осминафиналето на грен слем турнирите.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде Аргентинецот Диего Шварцман кој во три сета со 6:2,6:3,7:6 го совлада Душан Лајовиќ.
Во дерби дуелот на третото коло, Марин Чилиќ во пет сета со 6:7,6:4,6:0,5:7,6:3 го совлада Роберто Баутиста Агут.

Кај дамите, третото коло претставуваше вистински шок за фаворитките. Американката Серена Вилијамс загуби од Кинеската Кианг Ванг со 6:4,6:7,7:5.
Настапот во Мелбурн го заврши и Каролина Вознијацки исто во три сета е поразена од Жабер со 7:5,3:6,7:5.
Истата судбина на снајде и Медисон Киз која е поразена од Марија Сакари со 6:4,6:4.

За разлика од нив , првата носителка со 6:3,6:3 ја елиминира Рибакина, а Петра квитова беше поуспешна од Александрова (6:3,6:2).

Тинејџерската сензација Коко Гоф продолжува да ги изненадува фаворитките. Младата Американка со 6:4,6:3 ја елиминира грен слем шампионка, Наоми Осака.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот