Ѓоковиќ: Овој трофеј е за сите кои секогаш веруваа во мене!

Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Во неделата во „О2“ арената на Новак Ѓоковиќ му беше доделен пехарот за шеста година завршена на првото место на АТП листата. Невообичаено, овојпат без навивачи, без аплаузи, поради ситуацијата со ковид-19.

Пред настапот на Завршниот мастерс во Лондон каде што ја брка шестата титула, најдобриот светски тенисер им се обрати на фановите:

– Иако стојам овде сам, овој трофеј им припаѓа на сите членови на моето семејство, на мојот тим и навивачите, како и на луѓето кои секогаш веруваа во мене и кои неуморно ме поддржуваа на ова прекрасно патување. Многу сум среќен што славам нов голем успех овде во Лондон.

Исто така, моите чувства се мешаат затоа што има многу луѓе кои минуваат низ тежок период во целиот свет. Секој е во моето срце со молитва сите да бидат здрави и среќни – напиша Новак на својот Твитер.

Денеска во рамките од групата „Токио 1970“ Ѓоковиќ ќе игра против Шварцман од 15.00 часот, а од 21.00 часот Медведев ќе ги одмери силите со Зверев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот