Ѓоковиќ останува без првото место!?

Иако е убедливо прв на АТП ранг листата, Ѓоковиќ нема така голема предност кога е во прашање АТП трката, во која се сметаат бодовите освоени само во текот на една календарска година, а воедно е многу важно за обезбедување настап на завршниот Мастерс сезонава во Лондон.

Разликата помеѓу Ноле и Надал е само 500 бодови, досега во сезоната Србинот освои 6725, а Рафал 6225 бодови.

Со оглед на тоа што Надал моментно игра на Мастерс турнирот во Монтреал (Канада) и се промовираше веќе како полуфиналист и го чека победникот од дуелот Баутиста Агут-Монфис.

Доколку успее да се пласира во финалето сигурно ќе обезбеди нови 600 бодови. Така „бикот од Мајорка“ би стигнал до вкупен број од 6825 бодови во оваа календарска година и би го престигнал Србинот.

А кога сме кај АТП ранг листата секако разликата е висока, Ѓоковиќ има 12.415 илјади бодови, а Надал 7945.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот