Ѓоковиќ останува без еден од тренерите

Новак Ѓоковиќ наскоро ќе остане без еден од двајцата тренери, Горан Иванишевиќ кој има понуда да се врати во Хрватска и да стане селекторт.
Хрватите непосредно пред стартот на Дејвис Купот во Мадрид останаа без селекторот Жељко Крајан кој беше сменет од челниците на Федерацијата.

Хрватите во Мадрид ги предводеше активниот тенисер Франко Шкугор, кој нема намера да продолжи да ја извршува оваа функција се додека настапува на турнири.

Според хрватските медиуми, главен фаворит за селекторската функција е Горан Иваниевиќ кој веќе има поддршка од неколку тенисери.

– Немам проблеми со евентуалното ангажирање на Горан за селектор. Мене би ми било најмило доколку тој стане селектор – изјави Марин Чилиќ, кој во еден момент од кариерата работеше со Иванишевиќ.

Чилиќ единствениот грен слем трофеј го освои 2014 година, УС Опен, кога беше трениран токму од Горан Иванишевиќ, но две години подоцна се разделија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот