Ѓоковиќ оди по невозможното, освојување на сите четири грен слем турнири во една година

epa06687408 Serbia's Novak Djokovic (R) and his new coach Marian Vajda (L) attend a training session for the Barcelona Open Trofeo Conde de Godo tennis tournament in Barcelona, Spain, 23 April 2018. EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Маријан Вајда учествуваше во освојувањето на сите 19 грен слем трофеи на најдобриот тенисер на светот.

Вајда е воодушевен од неговиот тенисер кој успеа да се врати од негатива од 0:2 во сетови против Циципас и на крајот да слави со 6:7,2:6,6:3,6:2,6:4.
– Стефанос во првите два сета играше неверојатно и нормално е дека бевме загрижени. Меѓутоа тоа е Новак. Има огромна самодоверба во себе. Мислам дека победата над Рафа Надал му даде ветер во грбот. Се смири, почна да размислува од поен до поен и на крајот победи. Новак има неверојатен ум но и психолошка подготовка – вели Вајда кој смета дека Ѓоковиќ во вистинки момент ја пронајде потребната форма.
Уште во Рим се виде дека влегува во вистинскиот ритам. Одлично го удираше топчето, добро се движеше и како полн погодок испадна настапот на турнирот во Белград. Таму ја освои титулата, доби ветер во грбот од публиката и на крилата на тоа играше во Париз.

Според тренерот, целта на Ѓоковиќ е да стане првиот тенисер уште од Род Лејвер кој во една година победил на сите четири грен слем турнири.
Нема што да се крие, Новак сака да игра на Вимблдон и на УС Опен. Помеѓу овие две натпреварувања се Олимписките игри. Целта е да се обиде да дојде до сите три трофеи. Ќе биде тешко, но целиот план на настапи и подготовки ќе бидат подредени на оваа цел. Прв на ред е Вимблдон и сега почнуваме да се подготвуваме за него. Одиме чекор по чекор – вели Вајда кој малку се пошегува со новинарите.
– Горан Иванишевиќ и јас се договоривме доколку Новак успее да победи на сите четири грен слем турнири оваа година, да му дадеме отказ и тоа официјален – кажа низ насмевка Вајда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот