Ѓоковиќ оди на триумф на Вимлбдон: Секое освојување на грен слем турнир е како искачување на Монт Еверест

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ има големи шанси да победи на сите четири грен слем турнири во една година.

Новак Ѓоковиќ кој победи на првите два грен слем турнири годинава, Австралија Опен и Ролан Гарос, за настапот на Вимблдон се подготвува во Шпанија. Ѓоковиќ моментно настапува на турнирот во Мајорка, но не игра во поединечна конкуренција туку само во двојки и тоа заедно со својот пријател Карлос Гомез Ерера.

Во интервју за весникот „Ас“ српскиот тенисер се потсети на освојувањето на Ролан Гарос и какво чувство имаше по победата над Рафаел Надал во полуфиналето.
– Победата против Рафа во полуфиналето и тоа практично на неговиот терен беше неверојатна. Чувството кое го имав по победата беше во стилот „Во ред, го завршив турнирот“. Но, не беше така, морав да се опоравам и да се подготвам за финалето против Циципас. Тој одигра одличен турнир, во финалето освои два сета. Победата на Ролан Гарос има двојна вредност за мене – рече Ѓоковиќ.

Нареден предизвик за Ѓоковиќ ќе биде настапот на Вимблдон каде на последните два настапи во 2018 и 2019 година ја освојуваше титулата, а и оваа година ќе биде главен фаворит за триумф.
– Сега повторно се враќам на Вимблдон. Мислам дека имам можност повторно да го освојам шампионскиот пехар. Ја освоив титулата во 2018 и 2019 година и се надевам дека серијата ќе продолжи и оваа година. Се чувствувам многу добро кога играм на трева и мислам дека многу ја подобрив играта на оваа подлога. Секој грен слем е како да се искачувате на Монт Еверест – смета Новак.

Откако во Париз го совлада Надал кој го доживеа само третиот пораз на Ролан Гарос во кариерата, тениските експерти не претстануваат во полемиките дали Ѓоковиќ е подготвен за историски успех, да победи на сите четири грен слем турнири во една сезона.
– Сакам да одам на титулата на Вимблдон, на УС Опен, но и на секој грен слем турнир на кој настапувам воопшто. Си поставувам големи очекувања пред себе. Се обидувам да живеам во актуениот момент, да правам се што сметам дека е исправно. Размислувам позитивно, а исто така посветувам големо внимание на своето тело, тоа ми помага да победам било кого и тоа на било која подлога – вели Ѓоковиќ.

Видео на денот