Ѓоковиќ  одбил понуда да игра за светска велесила

Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан пред ТВ екраните откри дека неговиот син имал можност да добие британски пасош и заедно со Енди Мареј да доминираат во Дејвис Купот.

– Јас и Дијана разговаравме со Британците. Нивната идеја беше да ги спојат Новак и Енди Мареј и долго да владеат во тенисот и да доминираат во Дејвис купот. Му нудеа британско државјанство. Сепак, Новак Ѓоковиќ е роден во Србија и никогаш нема да се откаже од својата земја. Не ги одбив веднаш, туку им кажав дека ќе разговараме со децата и ќе ги известиме подоцна – откри Срѓан Ѓоковиќ.

Кога приситигнала понудата за промена на државјанството, Новак Ѓоковиќ имал само 19 години и беше еден од најталентираните тенисери во тоа време.

– Им објаснив на децата, дека ќе имаат можност да живеат во Англија и ќе ги имаат најдобрите услови на светот. Знаете каков беше нивниот одговор? Никаков – додаде таткото на првиот тенисер на АТП ранг листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот