Ѓоковиќ немоќен: Деветта титула за Надал во Рим (ВИДЕО)

EPA-EFE

Рафаел Надал сега има еден повеќе мастерс трофеј од првиот светски рекет кој немаше доволно сили за триумф и не толку фокусиран на мечот, со сите мисли за наредниот Грен слем „Ролан Гарос“.

Надал за скоро два и пол часа игра успеа во денешното финале да го надмудри српскиот натпреварувач кој во првиот сет не освои ниту еден гем.

Ноле за радост на италијанската публика израмни на 1:1 откако беше подобар во вториот сет со 6:4, а во одлучувачкиот трет сет повторно доминираше Рафа кој го забележа 26. триумф над Ѓоковиќ кој во меѓусебните дуели остана на 28.

За Надал ова е прва титула оваа сезона, последната ја имаше лани во Торонто, а Ѓоковиќ останува на две. Сега за двајцата најдобри светски тенисери следува краток одмор, а потоа подготовки за вториот Грен слем годинава.

Да додадеме уште дека во женското финале, Каролина Плишкова од Чешка како четврта носителка со 6:3 и 6:4 во завршната битка славеше против Британката Јоана Конта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот