Ѓоковиќ: Нема да зборувам за повредата, ќе уживам во второто полуфинале

Новак Ѓоковиќ во Њујорк атакува на „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Новак Ѓоковиќ со победата над Алсан Карацев во три сета, ја оправда улогата на фаворит и си обезбеди пласман во деветтото финале на Австралија Опен каде ќе се бори исто така за деветтиот трофеј.

– Нормално дека самодовербата ми е голема и поради тој податок. Никогаш не сум загубил во полуфинале или финале тука и тоа ме прави послободен на теренот. Секоја година е поинаку и ментално влијае на мене и моите противници, но се чини дека кај мене има позитивен ефект – изјави Ѓоковиќ, кој не сакаше да зборува за повредата.
Не, не сакам да зборувам за тоа. На таа тема ќе зборуваме на крајот од турнирот.

Очекувано, бранителот на трофејот беше запрашан и за второто полуфинале во кое ќе играат Данил Медведев и Стефанос Циципас.
– Кој и да ми биде противник, јас ќе бидам подготвен за најтешкиот дуел на турнирот. И двајцата се наоѓаат во фантастична форма. Медведев има 20 победи по ред и игра феноменално, додека Циципас одигра неверојатно против Надал, губеше со 0:2 во сетови и успеа да победи. Знам дека тие двајца не се сакаат премногу и имаа несогласувања на теренот и затоа мислам дека ќе биде интересно. Тоа е прекрасно ривалство, ќе го гледам тој дуел со пуканки и ќе уживам – одговори Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот