Ѓоковиќ нема да настапи на турнирот во Мајами
Најдобриот светски тенисер вечерва ја информираше јавноста дека нема да биде дел од турнирот во Мајами (САД).
– За жал, нема да се натпреварувам на турнирот во Мајами оваа година. Времето со моето семејство никогаш не е доволно, па затоа решив да бидам со нив овој период затоа што пред мене се многу турнири и патувања со значајни рестрикции. Јас со нетрпение очекувам да дојдам во Мајами следната година – напиша Ѓоковиќ на „Твитер“.
Српскиот ас е на врвот на АТП-листата веќе 312-та недела, со 12.008 бода, рекордер во историјата на АТП.
Ноле не брани бодови во Мајами, па фактот дека нема да учествува на турнирот во Флорида оваа година, нема да влијае на неговиот биланс на бодови.
Турнирот АТП 1000 серија во Мајами ќе се одржува од 22 март до 4 април 2021 година.