Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на Вимблдон, се откажува и најпрестижниот турнир?

twitetr/djokernole

Организаторите на најголемиот тениски турнир, Вимблдон, подготвуваат алтернативни сценарија доколку пандемијата со коронавирусот продолжи да се шири низ целиот свет, а со тоа и во Велика Британија каде досега се заразени повеќе од 8.000 лица. .

Стартот на Вимблдон е закажан за 29 јуни, но никој не може да каже дали ќе се смири состојбата со коронавирусот и поради тоа откажувањето на турнирот изгледа сосема реална опција.

Ова значи дека Новак Ѓоковиќ нема да може да ја брани титулата која ја освои минатата година откако во епско финале го совлада Рожер Федерер во пет сета.

– Ние како организатори продолжуваме со детални проценки на сите можни сценарија за Вимблдон. Тоа вклучува дури и откажување на турнирот поради пандемијата на коронавирусот – изјавија од Олд Ингланд клубот, организаторот на најпрестижниот тениски турнир на светот.

Организаторите се согласни во една работа, Вимблдон нема шанси да се игра без публика. Управниот одбор на Олд Ингланд клубот, ќе има состанок наредната недела на кој ќе биде донесена конечна одлука.

Организаторот исто така смета дека одложувањето на Вимблдон не е опција поради специфичната трева на која се игра овој грен слем турнир.
Според извори на „Гардијан“, шансите Вимблдон да се игра во предвидениот термин се еднакви на нула, доколку ширењето на коронавирусот не запре веднаш.

Поради тоа, но и поради традицијата до која се држат Англичаните, наредната недела ќе бидат само два предлози на маса, или одржување на турнирот во предвидениот термин или откажување на Вимблдон оваа година.

Втора работа која е против одложување и презакажување на друг датум е примерот со Ролан Гарос чии организатори го преместија за септември со што предизвика огромни реакции и кај спонзорите и кај носителите на ТВ правата и кај тенисерите и тенисерките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот