Ѓоковиќ: Нема да ги кријам емоциите на Ролан Гарос

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani/POOL

Ѓоковиќ заедно со Рафаел Надал се главните фаворити за триумф на грен слем турнирот кој започна денеска.

Првиот носител на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ, имаше неславен настап на УС Опен кога беше дисквалификакуван поради удирање на линиски судија со топчето, но вели дека ја научил лекцијата.

Јасно е дека ќе бидам крајно внимателен кога ќе го удирам топчето надвор од теренот. Тоа е нешто што ми остана „во главата“ по тоа што се случи во Њујорк и ќе остане во мене долго време. Нормално, ќе се обидам да не ја направам истата грешка по втор пат. Не мислам дека тоа негативно ќе влијае како се чувствувам на терените. Триумфирав на турнирот во Рим веднаш по тоа сто се случи во Њујорк. Ќе се обидам да ги намалам моите негативни реакции на теренот – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер признава дека продолжи со својата агенда по случајот во Њујорк и успеа да победи на Мастерсот во Рим, а ќе го нападне и пехарот на Ролан Гарос.

Се обидувам да го прифатам тоа што се случи, да си простам себе си да продолжам понатаму. Човек сум, имам мани како и сите други, но се обидувам да бидам најдобар во тоа што го правам и како човек и како тенисер. Тоа што се случи во Њујорк не влијаеше многу на мене во поглед на емоциите и евентуално да не смеам да викнам, да ја стегнам раката или да направам нешто слично. Турнирот во Рим покажа дека се е во ред, дека се вратим во својот ритам – потенцира Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот