Ѓоковиќ не сака привилегиран статус од организаторите на Австралија Опен

epa08680989 Novak Djokovic of Serbia in action during his men's singles quarter-finals round match against Dominik Koepfer of Geermany at the Italian Open tennis tournament in Rome, Italy, 19 September 2020. EPA-EFE/Angelo Carconi / POOL

Организаторите на Австралија Опен со одлуката дел егзибициски мечеви да се играат во Аделаида, го навлекоа бесот на поголемиот дел од тенисерите и тенисерките кои ќе настапат во Мелбурн на првиот годинешен грен слем турнир.

Организаторот сакаше најдобрите тројца тенисери и тенисерки на АТП и ВТА ранг листите, задолжителниот двонеделен карантин да го поминат во Аделаида и потоа да одиграат егзибиски мечеви во овој град, но сега оваа идеја е доведена под знак на прашање.

„Марка“ тврди дека Новак Ѓоковиќ кога дознал дека заедно со Рафаел Надал, Доминик Тим и женските колеги, Ешли Барти, Симона Халеп и Наоми Осака, ќе бидат во Аделаида, реагирал кај организаторот и барал да има идентичен третман како и повеќето тенисери кои ќе играат на Австралија Опен во Мелбурн. Наводно Ѓоковиќ, барал сите да бидат еднакви и правилата да важат за сите, дури се заканил и дека ќе одбие да патува во Аделаида, поради што сега организаторот размислува да ја откаже егзибицијата.

„Марка“ ваквиот став на Ѓоковиќ го објаснува со податокот дека српскиот тенисер заедно со Васек Поспишил се освоначи на новата Асоцијација на професионални тенисери (ПТПА) и нивната цел е што поголема рамноправност кај тенисерите и поради тоа не постојат шанси тој да прифати да оди во Аделаида.

Ѓоковиќ деновите во карантин нема да ги помине во Мелбурн туку во друг град во Австралија

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот