Ѓоковиќ не сака пари од обложувалници

Новак Ѓоковиќ одби да биде заштитно лице и да ги рекламира најголемите светски обложувалници бидејќи не сака да праќа лоши пораки на милиони луѓе на кои им е спортски идол. Тој неодамна одбил понуда тешка неколку милиони евра од најверојатно најголемата обложувалница на светот.

Ѓоковиќ како прв тенисер на АТП ранг листата постојано е на мета на обложувалниците и досега дури три пати ги одбил таквите понуди. Според тенисерот, поважно му е со кого соработува, а сумата не е пресудна.

– Барам партнери и спонзори кои се општествено одговорни. Спозорството за мене отсекогаш претставувало еден вид на партнерство. Мора да постои компатибилност, инаку не можеме да функционираме заедно. Имам свои лични ставови, уверувања, погледи на светот и здрав начин на животот. Доколку некоја компанија која сака да соработува и нема идентични идеи и размислувања, тогаш не сакам да соработуваме. За мене финансиите се во втор план на тоа поле бидејќи сите заедно праќаме порака до младите ширум светот и затоа не сакам да соработувам со секого – изјави Ѓоковиќ неодамна на прашање поврзано со спонзорите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот