Ѓоковиќ не размислува за пензија
Вториот светски рекет на АТП ранг листата, Новак Ѓоковиќ изјави дека нема намера во најскоро време да замине во пензија и дека се уште ужива во спортот кој кој му донесе многу радости и трофеи.
Професионалната кариера на Ѓоковиќ трае 16 години и за тоа време освои 77 титули, од кои 16 се грен слем трофеи. Исто така го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година, а со репрезентацијата на Србија во 2010 година триумфира и во Дејвис купот.
– Сакам уште долго да играм тенис. Не знам колку долго, но сакам тоа да потрае. Се надевам дека ќе се гледаше уште неколку години – изјави Ѓоковиќ.
Членот на големата тениска тројка вели дека во последно време приоритет му се децата, синот Стефан и ќерката Тара и сака што повеќе време да поминува со нив додека растат.
– Да бидеме искрени, немам никаква обврска и понатаму да играм. Можам да го напуштам тенисот уште утре. Татко сум на две деца от кои едното веќе има пет години и сакам да поминувам повеќе цвреме со нив. Сепак, и понатаму сум мотивиран да се натпреварувам – заклучи Ѓоковиќ.
Последниот предизвик за српскиот тенисер е настапот на завршниот Мастерс во Лондон кој стартува на 10 ноември и на кој негов триумф, а послаб пласман на Надал, може да се врати и на првото место на АТП ранг листата.