Ѓоковиќ не игра во Мадрид, за „Ролан Гарос“ ќе се подготвува во Белград!

Фото: EPA-EFE/Riccardo Antimiani/POOL

Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во светот, се откажа од турнирот од Мастерс серијата во Мадрид (Шпанија), кој е на програмата од 2 до 9 мај 2021 година.

Првиот рекет го најави ваквиот расплет минатата недела за време на турнирот „Србија опен“ во Белград.

Тогаш Ноле порача дека ќе направи мала пауза со цел подобро да се подготви за продолжението на сезоната на земја.

Српскиот ас одигра само два турнири на најбавната подлога, а се очекува да се појави уште двапати до грен слем турнирот „Ролан Гарос“ (30 мај – 13 јуни), кој е круна на сезоната на земја. Станува збор за турнирите во Рим од 9 до 16 мај и во Белград од 22 до 29 мај.

После ваквата одлука, јасно е дека Рафаел Надал ќе биде првиот носител во Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот