Ѓоковиќ напаѓа уште еден рекорд на Федерер!

Новак Ѓоковиќ подготвен во Њујорк да го освои „златниот“ слем/Фото: EPA-EFE/DAVE HUNT

Новак Ѓоковиќ на грен слем турнирот во Мелбурн, „Австралија опен“, за трофејот ќе игра против победникот од вториот полуфинален меч, Стефанос Циципас-Данил Медведев.

Рекордите поставени од Рожер Федерер со години се „топат“, а за тоа „виновни“ се Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

За три недели, Србинот ќе стане носител на тенискиот рекорд по бројот на недели на АТП листата, Шпанецот стигна до Швајцарецот по бројот на освоени трофеи на Грен слем и сè помалку од тие историски резултати се во рацете на некогаш недопирливиот Федерер.

Ѓоковиќ: Нема да зборувам за повредата, ќе уживам во второто полуфинале

А уште еден рекорд на Швајцарецот ќе биде следен на удар на првиот светски рекет кој в недела ќе го игра своето 28 грен слем финале во својата богата кариера, а исто толку одигра и Надал. Додека Федерер 31 пат беше во завршната борба за трофејот на еден од четирите најголеми тениски турнири.

Можеби не се големи шансите Швајцарецот да го подобри тој свој учинок, евентуално му се дава шанса на „Вимблдон“, иако со едногодишна пауза и моментно на возраст од 40 години, тоа не изгледа многу веројатно.

Ѓоковиќ снима документарец за повредата

Пред Ѓоковиќ, како и Надал, има уште неколку години квалитетен тенис и би било вистинско чудо доколку некој од двајцата не му го „украде“ овој рекорд на Федерер.

Рафа има најдобар однос на одиграни и освоени финалиња, бидејќи тој излезе како победник дури 20 пати во 28 пресметки. Тој загуби четири пати од Ѓоковиќ, трипати од Федерер и еднаш од Станислас Вавринка.

Новак победи во 17 од 27 финалиња. Тој има порази од Надал (пет пати), Вавринка (два), Енди Мареј (два) и Федерер (еден). Додека Федерер загуби 11 од 31 грен слем финале од Надал (шест), Ѓоковиќ (четири) и Хуан Мартин дел Потро (еден).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот