Ѓоковиќ: Надал е главен фаворит за титулата на Ролан Гарос

Српскиот тенисер со триумфот на Мастерсот во Рим, го надмина Рафаел Надал на листата на играчи со највеќе грен слем титули и добрата форма ќе се обиде да ја потврди на Ролан Гарос.

Главен ривал на Новак Ѓоковиќ во атакот на 18. грен слем титула ќе му биде токму Надал кој е актуелен шампион на Ролан Гарос.

Титула за нов рекорд: Ѓоковиќ испиша историја во Рим! (ВИДЕО)

Иако на турнирот во Рим, Надал е елиминиран во четвртфиналето, според Ѓоковиќ сепак Шпанецот е главен фаворит за титулата.
– Иако загуби во Рим, лично сметам, но со моето мислење ќе се согласат и останатите, дека Рафа Надал е фаворит број еден на Ролан Гарос. Поради рекордот кој го собори во Париз, поради неговите резултати, сметам дека никој не може да биде пред него – изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ го означи Надал како главен фаворит, но сепак не смета дека Шпанецот е непобедлив на Ролан Гарос, а тоа го потврди и Диего Шварцман на Мастерсот во Рим.

Сензација во Рим, Шварцман го елиминира Надал

– Од друга страна, Диего Шварцман во Рим покажа дека Надал може да се победи и на земјени терени. Иако Надал го гледам како главен фаворит за титулата, мислам дека има тенисери кои можат да го победат на Ролан Гарос. Ќе биде интересно – вели Ѓоковиќ.

Последниот грен слем оваа година ќе започне во недела, а титулата ќе ја брани Рафаел Надал кој минатата година во финалето го совлада Доминик Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот