Ѓоковиќ на заслужен одмор по триумфот на Вимблдон

принтскрин

Новак Ѓоковиќ само неколку денови откако го совлада Рожер Федерер на Вимблдон, замина на одмор во Шпанија, Ѓоковиќ заедно со сопругата Јелена, синот Стефан и ќеркичката Тара од Лондон, отидоа на Марбеља.

View this post on Instagram

Ljubavno gnezdo ?? Love nest ?

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Тенисерот се одлучи за Марбеља бидејќи таму живее неговиот помлад брат Марко,а заедно со нив е и третиот брат Ѓорѓе кој вчера го прослави 24. роденден.

View this post on Instagram

??????

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Шпанското летувалиште е омилена дестинација за одмор на Новак Ѓоковиќ и тука редовно ги полни батериите за продолжението на тениската сезона и настапот на последниот годинешен грен слем турнир, УС Опен.

Првиот тенисер на АТП ранг листата има обичај по секој грен слем турнир да замине на одмор, а по елиминацијата во полуфиналето на Ролан Гарос, тој одмораше во Доминиканската република.
Наредниот турнир на кој Ѓоковиќ ќе настапи е Роџерс купот кој се игра Монтреал, Канада од 2 до 11 август.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот