Ѓоковиќ на удар на британските медиуми, рекламира иранско ѓубре

twitter/#AusOpen

Новак Ѓоковиќ е критикуван од страна на британскиот весник „Телеграф“.

Гери Нејтан во авторски текст за „Телеграф“ му упати критики на првиот тенисер на АТП ранг листата поради начинот на кој ги избира гостите за разговорите во живо на Инстаграм за време на пандемијата на коронавирусот и темите за кои се зборува.
Авторот го обвинува Ѓоковиќ дека се занимава со „псевдонаучни“ теми.

Иако Нејтан го пофали српскиот тенисер поради гостите кои ги имаше кога започна со разговорите во живо бидејќи гости му беа Енди Мареј, Станислас Вавринка, Марија Шарапова, српските тенисери Троицки, Кецмановиќ, Лајовиќ и Зимоњиќ, како и поради неговата идеја да им се помогне на понископласираните тенисери.

Но, авторот е против идејата на Ѓоковиќ кој е против вакцинацијата, како и против разговорот со иранскиот нутриционист Шервин Џафариех.
Нејтан смета дека Ѓоковиќ со Џафариех ја промовирал „псевдонауката“ и ги рекламирал производите на Иранецот за кои смета дека ќе ѓубре.

На авторот на текстот највеќе му пречи што најдобриот тенисер на АТП ранг листата објавува работи за кои смета дека може да донесат раздор меѓу фановите, како што е неговото противење за вакцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот