Ѓоковиќ на Хрват му донесе многу пари на „Милионер“ (ФОТО)
На еден натпреварувач му донесе нешто повеќе од 4.200 евра и тоа на прашање околу најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ.
Овој квиз се состои од 15 прашања, а после петтото и 10 прашање натпреварувачот има загарантирана сума на пари, а покрај тоа има можност да искористи помош од публиката, да повика пријател и „пола-пола“.
Во најновата епизода која беше емитувана во четвртокот навечер, еден натпреварувач на 10 прашање кое обезбедување загарантирана сума од 4.200 евра го доби прашањето 7 Австралија опен + 1 Ролан Гарос + 5 Вимблдон + 3 УС Опен = ?
А понудените одговори беа: А)Новак Ѓоковиќ, Б)Пит Сампрас, Ц)Рафаел Надал, Д)Рожер Федерер.
Беше сигурен дека Надал не е одговорот, бидејќи Шпанецот 12 пати го освои Ролан Гарос, а потоа го „отпиша“ и Сампрас, Американецот имаше вкупно 14 грен слем титули во кариерата.
Останаа како опции Ѓоковиќ и Федерер, се одлучи за Србинот и на крајот го погоди точниот одговор!
Ѓоковиќ моментно има 16 грен слем титули, а кога сме веќе кај освојувачите, на втората позиција е Надал со 19, а на врвот е Федерер (20).