Ѓоковиќ на две победи од историја

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, од наредната недела ќе игра на турнирот во Виена. Ги „наполни батериите“ во Белград, а во Австрија оди со цел да ја зголеми разликата во однос на Рафаел Надал на АТП листата.

Српскиот тениски ас ќе се врати во австрискиот главен град, за првпат после 2007 година кога ја освои Виена, а сега уште само две победи му се потребни да израмни одличен рекорд.

Ноле до сега петпати ја завршуваше годината како прв светски рекет, а доколку оствари две победи во Виена ќе го обезбеди првото место до крајот на оваа сезона. Така, ќе се израмни на листата со Пит Сампрас кој исто така шестпати беше најдобар тенисер на светот во шест сезони.

Надал сега има 9,850 бодови, а додатни поени може да освои во Париз и на завршниот Мастерс. Со максимален број на освоени бодови Шпанецот би ја завршил годината со 11,950 поени.

Ѓоковиќ само во Виена може да освои нови 500 бодови, а на завршниот турнир во сезоната би можел да додаде уште 1,300 бодови. Тоа значи дека Србинот оваа сезона може да ја заврши со 13,540 поени.

Тоа е 3,690 бодови повеќе во однос на Надал. Доколку се знае дека тенисерите не мора да ги „бранат“ бодовите сè до 8 март 2021 година, и дека на Новак и наредната сезона сигурнo ќе му се припишат максимален број на бодови од „Австралија опен“, што нè носи до пресметката во која Ѓоковиќ уште долго време би бил сигурен на врвот на АТП-листата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот