Ѓоковиќ му се приближува на Федерер на вечната АТП ранг листа

Ѓоковиќ заедно со Поспишил ја формираа Асоцијацијата на тениски професионалци/ фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Новак Ѓоковиќ ја започна 296. недела на првото место на АТП ранг листата и направи уште еден чекор до рекордерот Рожер Федерер кој 310 недели беше на врвот.

Ѓоковиќ изминатата недела играше на завршниот Мастерс во Лондон каде испадна во полуфиналето од Доминик Тим, но тоа не влијаеше на лидерската позиција на АТП ранг листата, бидејќи од претходно се обезбеди да биде на врвот до крајот на годината.

По Мастерсот во Лондон, Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста пред второпласираниот Рафаел Надал за 200 поени. Српскиот тенисер сега има 12.030 поени, додека Надал има 9.850.
На третото место се наоѓа Доминик Тим со 9.125 поени, а освојувачот на завршниот Мастерс, Данил Медведев е четврти со 8.470.
Рожер Федерер е петти, Стефанос Циципас шести, а во првите 10 на ранг листата се наоѓаат уште и Александер Зверев, Андреј Рубљов, Диего Шварцман и Матео Беретини.

Во наредната година кога Ѓоковиќ ќе го брка рекордот на Федерер, за што му се потребни уште 14. недели, освен Рафаел Надал како главен конкурент ќе го има Австриецот Доминик Тим кој беше поуспешен во нивната последна меѓусебна пресметка.

Покрај тоа, Тим триумфира и на УС Опен, а за следната сезона планира да го нападне и првото место на АТП ранг листата.

– Ова беше интензивна година. Досега не правев конкретни планови за наредната сезона, но нормално е дека сакам да го подобрам своето место на АТП ранг листата. Тоа е нешто што го сакам идната година – вели Тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот