Ѓоковиќ му одржа тениска лекција на Циципас за пласман во полуфинале

EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналети на Мастерсот во Париз, откако во четвртфиналната пресметка го декласира Стефанос Циципас во четвртфиналето. Ѓоковиќ на младиот тенисер му препушти само три гема, совладувајќи го со 6:1,6:2 за само 59 минути.

За доминацијата на Ѓоковиќ кој уште од првиот гем ја имаше контролата врз играта и резултатот, најдобро зборува податокот дека загуби само девет поени на свој сервис. Во првиот сет, Ѓоковиќ направи два брејка за убедлив триумф од 6:1, додека во вториот сет Циципас беше нешто подобар, освои два гема на свој сервис но и загуби два гема со што првиот тенисер на АТП ранг листата со само загубени три гема обезбеди пласман во полуфиналето.

Во полуфиналето го очекува пресметка со Григор Димитров кој во четвртфиналето со 6:2,7:5 го елиминира Кристијан Гарин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот