Ѓоковиќ може да игра на високо ниво уште пет или шест години!

фото: твитер

Еден од најдобрите хрватски тенисери, Марин Чилиќ, говореше за Ѓоковиќ и оцени дека српскиот ас може да биде најдобриот во историјата на овој спорт.

Големи ривали, но и големи пријатели се Марин Чилиќ (31) и Новак Ѓоковиќ (32). Хрватот смета дека ова е најважен дел од кариерата на Србинот, тој е здрав и подготвен да води битка со двајцата големи противници, Рафаел Надал и Рожер Федерер.

Еден од најдобрите хрватски тенисери говореше за Ѓоковиќ и оцени дека српскиот ас може да биде најдобриот во историјата на овој спорт.

Во Дубаи Ѓоковиќ и Чилиќ играа заедно во двојки, долго време се познаваат и играат дури 19 мечеви од кои Хрватот славеше само двапати.

– За мене Новак е најголемиот играч на сите времиња, тој е во состојба да игра практично без недостатоци. Има мотиви во тековната сезона да се бори со Надал за првото место на АТП листата. Верувам дека Новак има најдобри шанси да ја заврши кариерата со најмногу грен слем титули, не заостанува многу зад Федерер. Ѓоковиќ е здрав и има одличен тим околу себе. Мислам дека може да игра на високо ниво уште четири, пет или шест години и е во најдобра позиција за рекорд по бројот на големи титули – рече Чилиќ.

Ѓоковиќ игра одлично во новата сезона 2020, успеа досега да ги освои Дубаи, АТП купот и „Австралија опен“.

Моментно на АТП листата води српскиот тенисер со 10220 поени, пред Шпанецот Надал кој има 9850.

Најмногу грен слем титули има Швајцарецот Федерер, вкупно 20, следува Надал (19), а 17 има Ѓоковиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот